Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМЕРИКА ПРОФИТИРА ОД КРИЗАТА Обвинувања од ЕУ: Сега продаваат повеќе гас и оружје

АМЕРИКА ПРОФИТИРА ОД КРИЗАТА Обвинувања од ЕУ: Сега продаваат повеќе гас и оружје

Официјални претставници на ЕУ го нападнаа Џо Бајден поради високите цени на бензинот, продажбата на оружје и трговијата додека војната на Владимир Путин се заканува да го уништи единството на Западот, пишува Politico

Девет месеци по инвазијата на Украина, Владимир Путин почнува да го разбива Западот, пишува весникот.

„Ако гледате трезвено, земјата која има најголема корист од овој конфликт се САД, бидејќи тие продаваат повеќе гас и по повисоки цени, а исто така и затоа што продаваат повеќе оружје“, вели еден европски функционер.

Единството на западните сојузници е разнишано, а политичарите се „бесни на администрацијата на Џо Бајден“. Тие ги обвинуваат Американците дека профитираат од општата криза, пишува Политико.

Главниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, го повика Вашингтон да одговори на европската загриженост.

„Американците, нашите пријатели, носат одлуки кои имаат економско влијание врз нас“, рече тој во интервју за ПолитиКо.

Најмногу на европските претставници им пречат еколошките субвенции и даноците наметнати од американскиот претседател. Според Брисел, тие неправедно ја ограничуваат трговијата во Европа и се закануваат да ја уништат индустријата на континентот.

Лидерите на ЕУ разговараа со Бајден за влијанието на американската политика на европските пазари, изјави изворот за Политико, но „тој не беше свесен за импликациите за ЕУ“. Незнаењето на САД, пишува весникот, се покажа како голем проблем.

„Европејците беа очигледно фрустрирани од недостатокот на претходни информации и консултации“, заклучи Дејвид Клајман од Истражувачкиот центар „Бројгел“.

На почетокот на ноември, францускиот претседател Емануел Макрон, за време на говорот пред претставниците на индустријата, го критикуваше законот за намалување на инфлацијата во САД.

Америка произведува гас, кој го продава по повисока цена од европските земји, а нуди и огромна финансиска помош за голем број сектори, со што „го симнува европскиот проект од пазарот“, револтиран е европскиот политичар.

Според Макрон, законот за намалување на инфлацијата не е во согласност со стандардите на Светската трговска организација. Вашингтон се однесува „непријателски“ во оваа ситуација, заклучи францускиот претседател.

„Законот за намалување на инфлацијата е многу загрижувачки. Потенцијалното влијание врз европската економија е многу големо“, изјави холандската министерка за трговија Лисје Шрајнемахер.

Во август, Џо Бајден потпиша закон со кој, меѓу другото, се предвидува проширување на даночните субвенции за купување електрични возила собрани во Северна Америка. Претседателската администрација го нарече документот „Закон за намалување на инфлацијата“. Државата издвои 370 милијарди долари за чиста енергија и остварување на климатските цели, 64 милијарди долари за намалување на трошоците за лекување и здравствено осигурување.

Истовремено, Европската Унија тој чин го нарече дискриминација на слични производи увезени од други земји. Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон не исклучи воведување санкции доколку САД не ги ревидираат мерките за поддршка на бизнисот пропишани со законот за намалување на инфлацијата.

Слично

Поврзани вести