Економија, финансии, бизнис

Контакт

Америка побара од Русија да го испорача на Едвард Сноуден

Америка побара од Русија да го испорача на Едвард Сноуден

Американската влада побара од Русија испорака на Едвард Сноуден, човекот што ги објави информациите за надзорот на САД на телефонските разговори и интернет-активностите во земјата и во странство.

„Од руската влада очекуваме да ги разгледа сите опции кои стојат на располагање за да го врати господин Сноуден во САД“, соопшти Белата куќа рано изутринава, пренесе Дојче Веле.

Меѓу Русија и САД во поново време има „интензивирана соработка“ по прашањата на правната држава, која би морало да се продолжи, апелираше американската влада. Сноуден мора „да одговара за делата за кои е обвинет“, се вели во Вашингтон.

Едвард Сноуден откри дека со програмата „Призма“ американската тајна служба „НСА“ ги надгелдува интернет комуникациите на корисниците на услуги на големите интернет концерни како Гугл, Фејсбук и Мајксрофт.

По обелоденувањето на овие информации тој избега во Хонгконг, а оттаму во текот на вчерашниот ден се упати во Москва. За време на престојот на Сноуден на аеродромот во Москва беше соопштено дека тој поднесол барање за азил во Еквадор.

Американската влада, која го обвинува Сноуден за шпионажа, сега сака да спречи тој да отпатува на друго место. Еквадорската влада денеска соопшти дека барањето за азил се разгледува.

Телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на високи функционери во американската влада, јави дека Вашингтон од Еквадор, Куба и Венецуела побарал да не му даваат азил на Сноуден.

Освен тоа, американските власти, според Си-Ен-Ен, го анулирале пасошот на Сноуден.

Неговото заминување крена голем прав, а интернет-страницата „Викиликс“ преку својот твитер-профил соопшти дека му помогнал на Сноуден да замине од Хонгконг и да добие политички азил во една демократска земја, пренесе Би-би-си.

Слично

Поврзани вести