Америка планира да ги укине визите
Американскиот конгрес повторно ќе расправа за предлог законот со кој треба да се поедноставни процедурата за воспоставување безвизен режим за патување на странски државјани.
Ваквата програма главно треба да се однесува на европските држави и сојузниците на САД, со која жителите на тие земји ќе можат да престојуваат во САД дали за туристички или бизнис цели, 90 дена, а притоа да не мораат да чекаат американска виза.
Предлог-законот досега повеќе пати бил поднесуван од страна на неколку конгресмени и сенатори кои се посветени на неговото усвојување и добива силна поддршка во Конгресот, но не може да ја помине целта, понекогаш поради неговото поврзување со други законски решенија.
Сенаторите Барбара Микулски од Мериленд и Марк Кирк од Илиноис и конгресмените Мајк Квигли и Арон Шок беа повторно поднесители на ваквиот предлог на почетокот на февруари.
Европските држави кои се изоставени од визното олеснување, во прв ред Полска, но и држави како Бразил, силно лобираат кај конгресмените кои имаат значителни гласачки тела од овие држави, за усвојувањето на законот.
-Модернизирањето на програмата а висно олеснување ќе ја засили нашата национална безбедност, ќе обезбеди туристички приходи и ќе ги засили нашите односи со важни сојузници како што е Полска, која беше исклучена од досегашната програма за визно олеснување поради нејзината застарена структура“, изјави конгресменот Квигли при поднесувањето на предлог законот.
Слично
