Америка или Кина? Кој е светски економски лидер?
Соединетите Американски Држави и натаму се водечка економска сила во светот, но Кина секој момент им се приближува и дури и би можела да ги престигне, сметаат повеќето анкетирани луѓе во истражувањето на американскиот центар Пју. Во истражувањето биле вклучени 40 илјади луѓе од 39 земји во светот.
Најголемото глобално истражување на овој центар во последните шест години покажа дека, и покрај тоа што општиот имиџ на Америка е далеку подобар од кинескиот и на Вашингтон му се дава предност како партнер, во поединечни делови од светот Пекинг се вреднува повеќе отколку Вашингтон. Во Африка и Јужна Америка и се воодушевуваат на Кина, која многу инвестираше во овие делови од светот, за научните и технолошките предности, но културата на најбројната земја на светот им е сеуште далеку. Кина најмалку ја сакаат Гермаците, Италијанците, Израелците и Јапонците. Недовербата на соседните Филипинци, Јужнокорејци и Јапонци кон втората најголема економија во светот и нивното подобро вреднување на Вашингтон во однос на Пекинг се должи на стравот од територијални спорови со Кина. Меѓутоа, воените капацитети на Кина и на Америка, го соединуваат светот во резервите кон двете велесили. Тоа посебно се однесува на надмоќната Америка, од чии безпилотни летала се плашат сите. Дури во 31 од 39 земји луѓето се противат на нападите на американските безпилотни авиони врз екстремистите. Ги одобруваат само во Америка, Израел и Кенија. Кога станува збор за прашањата за човековите права, испитаниците подобро ја вреднуваат Америка, иако е индикативно тоа што луѓето во Америка најлошо ја оцениле слободата во својата земја. Инаку, во скоро сите земји вклучени во истражувањето, луѓето мислат дека Вашингтон ги почитува правата на граѓаните. Многумина се уверени и дека претседателот Барак Обама ќе повлече добри потези на меѓународната сцена. Тоа најмногу го мислат во Германија, скоро 88 насто и во Франција 83 проценти од испитаниците.
Слично
