Америка и насилство: Четворица убиени во масовно пукање во Филаделфија, меѓу поврдените и две деца
Четири лица се убиени во американскиот град Филаделфија доцна во понеделникот, соопшти полицијата.
Од полицијата велат и дека во престрелката во југозападниот дел на градот се ранети две деца на возраст од две и 13 години.
Сите жртви се мажи.
Осомничениот напаѓач сега е во притвор, а кај него биле пронајдени пушка и пиштол.
Трагедијата во Белград од гледна точка на Американец: „Оди и се надеваш дека утре нема да има пукање“
Полицијата додаде дека осомничениот, чие име не е објавено, носел елек со повеќе рамки за муниција.
На прес-конференција, полицискиот комесар во Филаделфија, Даниеле Аутлау, рече дека полицијата примила повик околу 20:30 часот по локално време во понеделникот.
На лице место полициските службеници утврдиле дека има повеќе жртви, а додека прибирале докази се слушнал истрел, рече таа.
Таа додаде дека полицијата потоа го бркала осомничениот, додека мажот за кој се верува дека има околу 40-те години пукал во нив.
Подоцна бил приведен.
Тројца од убиените мажи биле на возраст меѓу 20 и 59 години, додека четвртиот маж е на возраст меѓу 16 и 21 година.
Двете ранети деца се во стабилна состојба.
Мотивите на осомничениот не беа веднаш познати.
Полицијата приведе уште едно лице, за кое се верува дека „некако фатил пиштол и возвратило во правец на напаѓачите“, изјави полицискиот комесар.
Само еден ден пред ова пукање, две лица беа убиени, а 28 повредени на локална забава во Балтимор, Мериленд.
Тамошните власти сè уште трагаат по уште осомничени за кои се верува дека отвориле оган за време на годишниот собир на заедницата.
Фото: Принтскрин/Твитер