Америка гради моќно сонично оружје во страв од Русија и Кина
Пентагон започнал нов воен проект со кој треба да се обезбеди развој на сонично оружје кое ќе биде контра тежа на технологијата со која веќе располагаат Русија и Кина, со што се очекува САД да влезе во нова трка за вооружување, но овој пат со доста специфичен производ.
За оваа цел е ангажирана компанијата Raytheon која ќе го развива оружјето за што ќе имаат рекорден профит.
„Спротиставувањето на чистите закани за нацијата со напредна технологија е рапидно поле за развој на Raytheon, посебно во делот од бизнисот кој е гласифициран. Моќните земји работат напорно за да ја намалат разликата со можностите на САД, што значително ја зголемува побарувачката од американските нарачатели“ се пофали Том Кенеди, претседавачот на Raytheon и главен извршен директор.
Raytheon работи на развој на ракети и е еден од лидерите на тоа поле, а сега ќе развива суперсонични системи кои треба на Пентагон да му донесат такттичка и технолошка предност пред сличните системи на Русија и Кина.
