Економија, финансии, бизнис

Контакт

Америка директно ја поддржува ИД, Русија е запрепастена

Америка директно ја поддржува ИД, Русија е запрепастена

Русија е шокирана од воздушниот напад на коалиционите сили предводени од САД врз сириската армија при што загинаа 62 војници, а стотина се повредени и заклучи дека ова значи директна поддршка на Исламска држава. Нападот се одвивал во источниот град Деир ез Зор каде сириската армија со месеци се обидува да ги одбие џихадистите на ИД. 

Токму затоа Русија побара итен состанок на Советот за безбедност во Обединетите нации со цел да се разговара за причините за нарушување на договореното примирје. 

Саманта Пауер, американската амбасадорка во ОН посочи дека целосно го признаваат нападот и ветуваат истрага. Исто така ја обвини Русија дека му се придружила на режимот на Асад прифаќајки ги неговите најлоши карактеристики како напади врз цивилни болници и бегалски кампови.

Рускиот амбасадор Чуркин возврати дека Пауер не сакала да ги сослуша неговите ставови и информации кои директно ја поврзуваат САД со терористичката Исламска држава.


Слично

Поврзани вести