АМЕРИКА БАРА ПОМОШ ОД НАТО ПРОТИВ ЏИХАДИСТИТЕ: Одлуката се разгледува!
САД побараа помош од НАТО во борба против Исламска држава на Блискиот исток, соопшти денес шефот на Северноатланската алијанса Јенс Столтенберг.
Тој прецизирал дека Вашингтон барал извиднички авиони „Авакс“.
„Добивме барање од САД да обезбедиме поддршка во напорите на коалицијата и да им помогнеме со извиднички авиони Авакс, и сега го разгледуваме тоа барање“, рекол Столтенберг на конфернецијата за новинари.
Столтенберг наведува дека таа одлука ќе ја донесат 28 членки едногласно.
Како што додал, за тоа ќе разговара на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел во почетокот на февруари. Британската агенција наведува дека не постои рок во кој таа одлука би требало да биде донесена.
Слично
