Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМБИЦИОЗНО: Вака Кина планира да ја освои вселената!

АМБИЦИОЗНО: Вака Кина планира да ја освои вселената!

Кина почнала да работи на изградбата на лансер на тешки вселенски ракети, кој треба да биде завршен околу 2030 година, пишуваат денеска кинески медиуми.

Капацитетот на новите ракети, наречени Лонг марч 9 (Long March), ќе биде 130 тони за разлика од 10 до 20 тони кои може да лансираат различни верзии на европската Аријана.

„Нашите сегашни лансери можат да послужат за вселенските активности предвидени во наредните 10 години, но нивниот капацитет е недоволен за долгорочен национален план“, вели експертот Ли Тонџи.

Новата ракета ќе биде со пречник од осум до 10 метри и же има 3000 тони во моментот на полетување, прецизирал Ли.

Кина обезбеди милијарди долари за освојување на вселената, што се смета за симбол на новата моќ на земјата под водство на Комунистичката партија.

Меѓу многу амбициозните цели на Пекинг е и праќање на сонда ан Марс околу 2020 година, воспоставување на чести вселенски станици до 2022 година, како и праќање на човек на Месечината после 2025 година.

 
Слично

Поврзани вести