АМБИЦИОЗНАТА КИНА: Како ќе ја претвори најголемата пустина во оаза?
Кинески инженери пробуваат можни техники кои би можеле да се користат за изградба на водовод од 1000 километри - најдолгиот во светот - за пренесување на вода од Тибет до
Ксинџијанг- автономен регион во западниот дел на земјата. Ова го велат експертите вклучени во проектот, пишува Businessinsider..
Идниот тунел, кој ќе пренесува вода од највисоко плато на светот преку бројни секции поврзани со водопади, ќе "стане Ксинџијанг во Калифорнија", вели геотехнички инженер.
Најдолгиот во моментов водопроводен тунел во Кина е осумгодишниот воден проект "Дхауофанг" на 85 километри во провинцијата Лиаонинг, а најдолгиот таков тунел во светот е 137-километарската водоводна мрежа под Њујорк.
Кинеската Влада веќе ја започна изградбата на тунел во центарот на провинцијата Јунан во август, кој ќе биде со должина од над 600 километри, објавија локалните медиуми. Со своите повеќе од 60 секции, од кои секоја е доволно широка за да се приспособи на два брзи возови, тој ќе помине низ планини на неколку илјади метри надморска височина во област со нестабилни геолошки услови.
Истражувачите тврдат дека изградбата на тунелот во Јунан ќе биде "проба" на новите технологии, инженеринг методи и опрема потребни за тунелот Тибет-Ксинџијанг, кој ќе ја пренасочи реката Yarlung Tsangpo во јужен Тибет до пустината Таклимакан во Ксинџијанг. Низводно, во Индија, реката се влева во Брахмапутра, која пак се влева во реката Ганг во Бангладеш.
Тунелот во Јунан и опремата за одржување ќе бидат во изградба цели осум години, а цената се очекува да достигне 78 милијарди јуани (11,7 милијарди долари). Објектот ќе пренесува повеќе од три милијарди тони вода годишно од северозападниот дел на Јунан до сувиот центар на покраината, што директно ќе биде во корист на повеќе од 11 милиони луѓе, според провинциската влада.
Се очекува новиот водовод да создаде 3,4 илајди нови работни места, да овозможи обликувањето над 30 000 хектари нови земјоделски површини и да придонесе за локалната економија со 330 милијарди јуани.
Од успехот на неговата реализација зависи и уште поамбициозниот потфат со 1000-километарскиот водовод од Тибет до Ксинџијанг.
Тибет Плато ги запира дождовните монсуни во Индискиот Океан да стигне до Ксинџијанг. А тој е опкружен со пустината Гоби на север и пустината Тачиликан на југ, и така над 90 проценти од регионот се несоодветни за населување.
