Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амбасадорите на ЕУ го отфрлија планот за „обратно проширување“?

Амбасадорите на ЕУ го отфрлија планот за „обратно проширување“?

На работна вечера амбасадорите на земјите членки со претставник на Европската комисија, го отфрлиле предлогот за таканаречено „обратно проширување“. Пораката е едноставна, но политички тешка: членството не може да се подели на „влез прво, права подоцна“, затоа што токму тоа би ја поткопало логиката на проширувањето и би создало нови конфликти внатре во Унијата.

Суштината на „обратното проширување“ беше Украина да стане формална членка, но без клучните привилегии што го прават членството реално: право на глас, пристап до Заедничката земјоделска политика и кохезионите фондови, кои би се „отклучувале“ постепено, зависно од реформите, пренесува Политико, но и украинските медиуми.

Европската комисија ја пласирала идејата како контури, без да ја стави во официјален документ, но на маса пред амбасадорите се покажало дека политичката поддршка е речиси непостоечка.

Одбивањето има две причини што се гледаат зад дипломатскиот јазик. Прво, моделот изгледа како институционален трик што создава „членки од втор ред“, а тоа е токсично и за земјите кандидатки и за јавноста во ЕУ. Второ, членките не сакаат да ја раскинат мерит-базираната рамка на пристапување, затоа што еднаш кога ќе се „преврти“ редоследот – членство па интеграција – станува невозможно да се објасни зошто истото не важи и за други кандидати, или зошто некој би морал да ги исполни критериумите пред да влезе.

Според дипломатски извори, Франција е најрезервирана, особено пред претседателските избори во 2027 година, поради што Париз засега не дава зелено светло за забрзување на проширувањето.

Инаку, македонскиот премиер ја споменуваше оваа опција за влез на Македонија во ЕУ.

Слично

Поврзани вести