Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амазон под истрага во САД: Се истражува дали мамеле со цени

Амазон под истрага во САД: Се истражува дали мамеле со цени

Фeдералната Трговска Комисија (FTC) во САД ги разгледува тврдењата дека Amazon ги мамел клиентите за попусти. Ова го тврди извор, цитиран од Reuters.

FTC истражува жалба поднесена од заштитната група Consumer Watchdog која разгледала околу 1000 производи на вебсајтот на Amazon во јуни и открила дека компанијата пуштила референтни цени на 46% од нив.

Анализата утврдила дека кај 61% од производите со референтни цени, предметните цени на Amazon биле повисоки од оние на кои истите производи биле продадени во текот на претходните 90 дена, тврди Consumer Watchdog во писмо до FTC испратено на 6 јули.

По добивањето на писмото агенцијата направила неформални барања во врска со овие тврдења, посочува изворот.

FTC одбива да го коментира прашањето. Не е познато дали Агенцијата ќе започне официјална истрага.

Слично

Поврзани вести