Amazon отвора три нови центри во Полска
До крајот на 2015 година, „Amazon“ ќе отвори три нови логистички центри во Полска, со што ќе се отворат 6.000 нови работни места, се вели во соопштението од компанијата.
Првите два центри ќе бидат отворени во текот на наредната година во Познан и Вроцлав, западна Полска, а третиот центар ќе започне со работа во Вроцлав во 2015 година.
Вестите доаѓаат во време кога неколку стотици работници во „Amazon“ во германските логистички центри започнаа штрајк, откако компанијата одби да ги усогласи платите со просечните приходи во секторот за дистрибуција.
Слично
