Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Амазон“ нема да гради дистрибутивен центар во Чешка

„Амазон“ нема да гради дистрибутивен центар во Чешка

„Амазон“го стопираше проектот за изградба на дистрибутивен центар во чешкиот град Брно.

За откажувањето на проектот биле информирани и чешките претставници, стои во соопштението на американската компанија.

Проектот „Амазон“, иако најавен како огромна инвестиција со отворање на 2.000 работни места уште од почетокот беше проследен со проблеми поради несогласување на локалната самоуправа на Брно околу продажбата на градежното земјиште.

Претходните месеци, со цел да не биде изгубена инвестицијата и да бидат решени проблемите се заложија и претседателот на државата Милош Земан и ресорните членови на Владата.

„Амазон“, која од интернет книжарница ја прошири дејноста на други производи, музика, играчки, мода пред една година отвори нов дистрибутивен центар во Франција и овозможи вработување на 2.500 работници додека во Германија фирмата постојано вработува 7.700 лица, а уште илјада ангажира повремено.

Слично

Поврзани вести