Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амазон мерка локација, ќе вложи 5 милијарди долари и ќе вработи 50 000 работници

Амазон мерка локација, ќе вложи 5 милијарди долари и ќе вработи 50 000 работници

На крилата на големиот финансиски успех компанијата Амазон одлучила да изгради уште еден свој центар во Северна Америка.

Тоа компанијата ќе ја чини околу 5 милијарди долари.

Локацијата за идниот центар не е именувана, туку ќе се избере по пат на посебен тендер, но затоа се претставени условите кои таа локација во иднина би требало да ги содржи. Тоа, пред се е урбано опкружување со најмалку милион жители кои ќе привлече и задржи поенцијални идни работници.

Исто така целта е новиот центар да биде претставен како таканаречено  "business-friendly" опкружување.

Победничката локација ќе биде објавена во почетокот на следната година.

Во новиот центар ќе бидат вработени околу 50 000 работници.

Слично

Поврзани вести