„Амазон“ ќе доставува пратки со дронови
Додека во Америка беа престрашени со идејата на Амазон да вршат достава на производи со помош на дронови, во Велика Британија тоа изгледа сосема поинаку.
Владата во Велика Британија влезе во партнерство со Амазон како би овозможиле тестирање на системот за нивни испораки на производи со помош на дронови, а се е поддржано од Управата за цивилно воздушниот сообраќај.
Се очекува секој дрон да биде во можност да носи терет нешто поголем од 2 кг или помалку, што всушност чини околу 90% од продажбата на производи на Амазон.
Од Амазон тврдат дека основната цел на овој програм е да се докаже безбедноста, како ова партнерство би се зајакнало, додека од Управата за цивилно воздухопловство тврдат како сакаат да овозможат иновации поврзани за развој на беспилотни технологии, интегрирајќи дронови во целокупниот систем на воздушен сообраќај.
