Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aмазон го тресат обвинувања за нехумани услови за работа-што е позадината?

Aмазон го тресат обвинувања за нехумани услови за работа-што е позадината?

Условите за работа во американскиот гигант Амазон се неухумани, а платите мали, сведочат работниците.

„Без разговори со колегите ниту време за одење во тоалет или ручек, казнување поради боледување, смена од десет и повеќе часа и се тоа за дури 2500 долари месечно“, тоа би требало да пишува во огласот на Амазон за работа во складишта.

Според зборовите на работниците на Амазон, токму тоа се нивни работни услови , бидејќи за да може Амазон да ги достави пратките со брзината со која го прави тоа, неговите работници мора да го трпат наведеното.

Имено, новинарот James Bloodworth работел во складиштето на компанијата и откако неговата приказна излегла на виделина, почнале да се јавуваат и други вработени да раскажат што се преживуваат на своите работни места, а нивните приказни ги пренесе Бизнис инсајдер.

Во Амазон, ги одбиле овие тврдења.

„Амазон нуди сигурно и позитивно работно место за повеќе од половина милион луѓе ширум светот со компетитивни плати и бенефити од првиот ден. Посветени сме на грижата за нашите вработени со достоинство и почит. Не ги признаваме овие обвинувања како портрет на активности во нашите згради“, изјавила портпаролката на компанијата.

Сопственик на Амазон е Џеф Безос а во 2017-та успешно го симна Бил Гејтс од тронот најбогат човек на планетата.

Слично

Поврзани вести