Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амазон го собори сопствениот рекорд по отворање на работни места

Амазон го собори сопствениот рекорд по отворање на работни места

Амазон најавува дека отвора повеќе од 120 000 работни места ширум САД поради празниците кои доаѓаат.

Тоа е нов рекорд за оваа компанија, која минатата година барала 100 000 работници. Работните места кои вработените ќе ги исполнуваат се сортирање на производи и служби за корисници.

Бројките секоја година растат, посебно за време на празниците. Вработените за време на празниците не се вбројуваат во 268 000 постојани вработени, но од Амазон порачуваат дека тие позиции можат да водат до оние највисоките во компанијата.

Лани имале околу 100 000 сезонски работници од кои повеќе од 14 000 останале да работат за нив и после празниците.

Сезонското вработување на Амазон се зголеми двојно повеќе од 2012 година кога фирмата создала 50 000 работни места во текот на празниците.

Во последните неколку години, фирмата често ја шири своојата мрежа на центри, а во меѓувреме гради и свој сопствен систем на испорака на авиони, камиони и други превозни средства.

Слично

Поврзани вести