Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аматриче го тужи „Шарли Ебдо” – објавија карикатура за земјотресот

Аматриче го тужи „Шарли Ебдо” – објавија карикатура за земјотресот

Списанието „Шарли Ебдо“ ги налути Италијанците со груба карикатура за земјотресот.

Општината на италијанскиот град Аматриче, погоден најсилно од земјотресот на 24 август, поднесе жалба пред судот во градот Риети - центар на провинцијата Лацио, против француското издание „Шарли Ебдо", за  карикатура во врска со трагедијата.

По земјотресот, во кој загинаа 295 лица, „Шарли Ебдо" објави карикатура со насликано „италијанско мени" - окрвавен маж и жена кои беа наречени „макарони со сос", а жртвите на катастрофата беа нацртани под неколку слоја лазањи.

Градоначалникот на  Аматриче, Серџо Пироци беше навреден од карикатурата и праша: „Како може да се наслика карикатура на загинати луѓе? Никој не е против сатира, но не треба да се твори сатира врз основа на несреќата на луѓето".

Италијанските политички партии изразија незадоволство од карикатурата на Facebook.

Обичните Италијанци исто ја осудија карикатурата на социјалните мрежи. Тие потсетија дека во јануари 2015 година, италијанскиот премиер Матео Рензо беше меѓу западните лидери кои учествуваа во марш на мирот во Париз по атентатот врз редакцијата на „Шарли Ебдо".

Слично

Поврзани вести