Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алжирци, Мароканци, Сиријци, Иранци, Ирачанец и Србин се меѓу уапсените за нападите во Келн

Алжирци, Мароканци, Сиријци, Иранци, Ирачанец и Србин се меѓу уапсените за нападите во Келн

Алжирци, Мароканци, Сиријци, Иранци, Ирачанец и Србин се меѓу уапсените во врска со физичко насилство и грабежи во новогодишната ноќ во германскиот град во Келн, пренесе AFP.

Портпаролот на германското МВР изјави дека властите проверуваат 31 осомничени, од кои 18 поднеле барање за азил во Германија.

Меѓу осомничените се 9 Алжирци, 8 Мароканци, четворица Сиријци, петмина Иранци, еден Ирачанец и еден Србин.

Во исто време стана јасно дека полицијата на германскиот град Дизелдорф со загриженост следи како во социјалната мрежа "Фејсбук" се здобива со популарност идејата за создавање на народни дружини за гарантирање на безбедноста во градот, пренесоа агенциите.

По серијата напади врз жени во градот Келн нерамнодушни и незадоволни граѓани формираа група на "Фејсбук", која до моментов брои неколку илјади членови. Една од нејзините идеи е создавање на патроли на улиците со цел "градот да се направи безбеден за нашите жени".

"Ние, а не граѓаните, сме одговорни за јавната безбедност", беше коментарот на полицијата во Дизелдорф.

Слично

Поврзани вести