АЛКОХОЛ ТУРИЗАМ ВЛАДЕЕ ВО МАЈОРКА: Се трупаат шишиња пиво, насекаде мириса на урина, граѓаните живеат во страв
Мајорка повторно беше „освоена“ од парти-туристи. На островот доаѓаат луѓе за да пијат алкохол без мерка. Ваквите гости се особено активни во областа
Плаја де Палма.
Претседателот на Здружението на жители на населбата Лас Маравиљас, Мигел Канељас е посебном загрижен за ситуацијата во Плаја де Палма.
„Ситуацијата е полоша отколку во претходните години. Секако дека живееме овде од туризам, но сепак треба да можеме да живееме во мир. А тоа, одамна не е така. Многумина што живеат овде воопшто не излегуваат од дома навечер. Тие се плашат.
Забава-зона покрај море
Злогласната зона за забави, која се наоѓа на неколку километри од главниот град на островот, повторно е во рацете на посетителите на забавата. Како и обично со првите денови од летото, таму доаѓаат германски фудбалски тимови од аматерски лиги, групи жени кои бараат забава и љубители на алкохол. Но, во овој период од годината, Плаја де Палма е и дестинација број еден за десетици илјади шпански матуранти од копното, кои сакаат на соодветен начин да го прослават крајот на своето школување. На шеталиштето покрај плажата долга повеќе од пет километри ги очекуваат бројни барови и диско клубови.
Веќе околу пладне забавата на плажа е во полн ек, а празните пивски шишиња се натрупуваат на песокот. Пијани гости среде бел ден се тетерават на плажа. Мириса на урина, истурено пиво, крема за сончање и масло за пржење помфрит. Туристите се снабдуваат со алкохол во бројните супермаркети во непосредна близина.
Со оглед на таквата ситуација, хотелиери, ресторани и сопственици на дискотеки од таа населба беа принудени да објават соопштение. Тие ја критикуваа „алармантната ситуација“ во Плаја де Палма. Ситуацијата е „неподнослива“, додаваат тие. Неконтролата на консумирањето алкохол во јавноста и немањето ефективни регулативи за казнување на ваквото однесување ја загрозуваат сегашноста и иднината на оваа важна туристичка област“, се наведува во соопштението.
Хотелиерите, рестораните и сопствениците на дискотеки сега ги повикуваат надлежните институции да преземат „енергични и ефективни мерки за справување со оваа неподнослива состојба“. Потребно е, додаваат, да се воведат јасни регулативи и да се започне со ригорозна примена на санкциите, за да се ограничи конзумирањето алкохол на јавни места. Дополнително, сметаат дека е неопходно засилено присуство на полицијата за навистина да се обезбеди почитување на тие прописи.
Извор DW
