Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Алкател-Лисент“ треба да плати 174 милиони евра за неплатен данок

„Алкател-Лисент“ треба да плати 174 милиони евра за неплатен данок

Француската групација за  телекомуникациска опрема „Алкател-Лисент“ треба да плати  174 милиони евра неплатен данок на германските даночни служби, од кои 34 милиони отпаѓаат на камати.

Ова е уште една лоша вест за „Алкател-Лисент“, која неодамна најави дека ќе укине 10.000 работни места во своите филијали ширум светот.

Барањето на германските даночници е поврзано со зделката од 2007 година, кога „Алкател-Лисент“ и го продаде производството на железничка сигнализација и безбедносни системи на компанијата „Талес“, за сума од една милијарда  евра во акции. При тоа, вредноста на акциите изнесуваше 833 милиони евра плус маржа од 73 милиони евра, пишува францускиот неделник „Експрес“.

Германската даночна служба смета дека компанијата „Алкател-Лисент“ не платила данок за оваа трансакција.

Слично

Поврзани вести