Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АЛЈАСКА Е НАША“-ОСАМНА БИЛБОРД ВО РУСИЈА: Гувернерот Данливи до руските политичари-„Среќно“

„АЛЈАСКА Е НАША“-ОСАМНА БИЛБОРД ВО РУСИЈА: Гувернерот Данливи до руските политичари-„Среќно“

Поради коментарите на неколку руски функционери, прашањето за територијата на Алјаска, која Русите ја продале во 19 век, повторно се најде на вниманието на јавноста.

Руските власти неодамна дадоа изјави во кои се закануваат дека ќе ја вратат Алјаска, која САД ја купија од Русија во 1867 година, но претседателот Владимир Путин осема е незаинтересиран за тоа.

Во 2014 година, за време на годишната сесија за прашања и одговори со руските граѓани, Путин беше прашан за враќање на територијата, што според Фаина Ивановна е нешто што Русите „би биле многу среќни да се случи“.

„Зошто ни е потребна Алјаска? Одговори Путин тогаш, пишува Вашингтон пост.

Осум години оттогаш, двајца руски функционери повторно ја покренуваат идејата за враќање на Алјаска во Русија. Вјачеслав Володин, сојузник на Путин и претседател на Државната дума, рече дека Русија би можела да ја врати територијата како одговор на строгите санкции наметнати од САД и нивните сојузници во НАТО и Европската унија како одговор на украинската инвазија.

„Кога американските пратеници се обидуваат да го запленат нашиот имот во странство, треба да бидат свесни дека и ние имаме што да бараме“, рече Володин за време на состанокот со руските претставници во средата, според Асошиејтед прес. Володин претходно сугерираше дека Москва може да ги заплени руските средства од „непријателските“ земји како одмазда за предлогот на САД да го продаде запленетиот имот на руските олигарси за обнова на Украина, пишува „Москва тајмс“.

Истакнувајќи дека потпретседателот предложил одржување референдум меѓу жителите на Алјаска за приклучување кон Русија, Володин во средата ѝ рекол на Думата: „Ние не се мешаме во нивните внатрешни работи“, објави Тајмс.

Билборди со натпис „Алјаска е наша!“ беа забележани во четвртокот, објави НГС24, новинска агенција во сибирскиот град Краснојарск. Не се верува дека ги подигнале руските власти, туку „некој патриот“.

Единствен јавен коментар за руските закани за неговата држава, гувернерот на Алјаска Мајк Данливи нашиша кус коменатр на Твитер.

„До руските политичари кои веруваат дека можат да ја вратат Алјаска: Среќно“, рече тој.


Слично

Поврзани вести