Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аљаска: 640.000 жители ќе добијат по 900 долари „бесплатни пари“

Аљаска: 640.000 жители ќе добијат по 900 долари „бесплатни пари“
Жителите на Аљаска годинава ќе добијат чек на 900 долари како сопствен дел од нафтеното богатство на оваа американска држава. Сепак рецесијата влијаеше и на овој износ. Граѓаните на Аљаска секоја година добиваат “бесплатни пари“ на основа на петгодишниот промет со нафта во државата на светскиот пазар, но, овогодишниот чек не е ни блиску до рекордниот од 2008 година, кога секој жител добил по 2.069 долари. Годишната уплата од Постојаниот фонд за дивиденда, со нетрпение се очекува меѓу населението, а оваа година чековите ќе бидат испратени на 640.000 адреси на 3 октомври, со што подеднакво ќе биде распоредена сумата од 576 милиони долари. За следната година се очекува износот да биде поголем. Најниската вредност што досега е исплатена е во 1984 година по 331 долар, а исплатата се врши почнувајќи од 1982 година. За оваа година се пријавиле 670.000 луѓе, но 30 илјади не ги исполнувале условите.  
Слично

Поврзани вести