Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алиталија „зароби“ 14.000 патнички торби

Алиталија „зароби“ 14.000 патнички торби
Управата на аеродромот Фиумичино во Рим се брза да постигне договор со копнениот персонал на авиокомпанијата „Алиталија“, кое раководи со товар и истовар на патничкиот багаж. Заради нивниот штрајк од понеделникот вкупно 14.000 патнички торби не отпатувале заедно со своите сопственици. Работниците во понеделникот го напуштија аеродромот како еден вид на протест заради плановите за преструктурирање на Алиталија во рамките на спојувањето со Етихад. „Штрајк во време кога се обидуваме да ја спасиме компанијата е скандал. Целосно е неразумен“, рекол италијанскиот министер за сообраќај Маурицио Лупи. Националната управа за цивилно воздухопловство наведува дека штрајкот влијае и на патниците кои слетуваат и на оние кои полетуваат од Фиумичино. Аеродромот денеска мораше да ангажира околу 200 дополнителни работници за да помогнат со багажот. Штрајкот не го спречи извршниот директор на Етихад Џејмс Хоган да стигне во Рим со цел да го потпише договорот со Алиталија до крајот на неделата. Се очекува компанијата од Абу Даби да даде околу 560 милиони евра за 49% од акциите во презадолжениот италијански авиопревозник.
Слично

Поврзани вести