Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алиталија отпушта 2.500 работници

Алиталија отпушта 2.500 работници
Италијанската авиокомпанија, Алиталија, ќе отпушти 2.500 работници во рамките на планот за спасување на фирмата, соопштуваат од кругови блиски на синдикалното раководство. Планот за отпуштање ги опфаќа пилотите, летачката посада како и останатите нелетачки служби, пренесува швајцарскиот весник 24 часа. Состанокот со синдикатите и управата на компанијата се очекува да с еодржи в четврток или петок. Еден од портпаролите на Алиталија, меѓутоа, тврди дека новиот план за реконструирање предвидува намалување на трошоците на компанијата, но не и задолжително отпуштање на работници.
Слично

Поврзани вести