Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Алиталија“ блиску до договор со „Етихад“?

„Алиталија“ блиску до договор со „Етихад“?
Првиот човек на италијанската авиокомпанија „Алталија“ Габриеле дел Торки отпатува во Обединетите Арапски Емирати денеска за да ги убеди челниците на „Етихад ерлајнс“ да инвестираат во италијанскиот авиопревозник, кој се соочува со економски проблеми и загуби. Една од опциите кои се разгледуваат е издвојување на голем дел од долгот од 800 милиони евра на „Алиталија“ во посебна компанија. Нова компанија ќе се отвори за инвестициите од „Етихад“ кои се планира да достигнат околу 500 милиони евра. Овој план во петокот бил разгледан во Милано, на состанок со четири италијански банки - доверители на авиокомпанијата, а денеска треба да му биде претставен и на директорот на „Етихад“ Џејмс Хоган. „Алиталија“, која е приватизирана во 2008 година и има намера да ги издвои непрофитабилните активности, досега губеше по милион евра на ден со цел да ги задржи постојните авиолинии. Компанијата е под силен удар на конкуренцијата од нискобуџетските авиопревозници и беше близу до банкрот во 2013 година кога беше спасена со инјекција од државен капитал. Италијанската компанија тукушто објави дека воведува директни авиолинии секој ден од Скопје до Рим, по цена од 99 евра.
Слично

Поврзани вести