Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алибаба „премоќна“ за Амазон во Кина

Алибаба „премоќна“ за Амазон во Кина

Американската онлајн продаваница Амазон го намалува својот обем на бизнис во Кина, најавувајќи затворање на онлајн продавницата, која беше тешко да се следи со конкуренти како Алибаба.

Ројтерс  први ги објави плановите на Амазон дека ќе ја затвори малопродажната платформа во Кина до средината на јули, за да се фокусира на по профитабилна продажба на странски стоки и услуги .

Потрошувачите ќе можат да ја видат понудата на глобалната трговија на Амазон од 18 јули на официјалната веб страница на Амазон, наместо да ги снабдуваат кинеските трговци, објави ББС.

Повлекувањето од пазарот на втората светска економија се совпадна со големата амазонска инвестиција во Индија. Амазон објави дека ќе инвестира 5,5 милијарди долари во Интернет-трговијата во таа земја.

Слично

Поврзани вести