Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Alibaba“ ќе инвестира 900 милиони долари во стартапи за испорака на храна

„Alibaba“ ќе инвестира 900 милиони долари во стартапи за испорака на храна

Најголемата кинеска компанија за онлајн трговија Alibaba, чија вредност е 198 милијарди долари, планира да инвестира 900 милиони долари во стартап за испорака на храна, наречен „Elle.me“.

„Elle.me“ ќе добие дополнително 125 милиони долари од Ant Financioal, финансии од Филијалата на компанијата „Alibaba“.

Последниот круг лично капитално финансирање носи вкупно финансирање во стартпот во износ од 2,34 милијарди долари.

Основана во 2008 година, „Elle.me“ е компанија со седиште во Шангај.

Таа им овозможува на луѓето да нарачаат готова храна за дома од ресторани, кои обично не прават достава. „Alibaba“ е со 27,7% удел во компанијата, што и носи вкупна вредност од 4,5 милијарди долари.

Ова е еден од многу стартапи кои се занимаваат со испорака на храна по порчка. Aнализаторската компанија „Edison Investment Research“ предупреди во март дека многу стартапи кои се занимаваат со испорака на храна, банкротираат, бидејќи се фокусриат на создавање на мрежа во голем обем и забораваат на основите на економијата, пишува „BusinessInsider“.

„Edison Investment Research“ верува дека најголемиот проблем при стартапи кои се занимаваат со испорака на храна, е цената на трудот на развиените пазари.

Слично

Поврзани вести