Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алибаба ја освојува Русија

Алибаба ја освојува Русија

Кинеската интернет продавница Алибаба планира да се прошири на пазарот на Русија, бидејќи таму ја гледа можноста за развој на интернет продажниот пазар, вели основачот на компанијата Алибаба Џек Ма.

Иако имаме само еден вработен во Русија, Алиекспрес успеал да стане најпосетена интернет страница за купување во таа земја, рекол Ма.

Алиекспрес е покренат во 2010 и на купувачите на мало ширум светот им овозможува купување на мали количини стока по малопродажни цени.

Компанијата планира да вложи повеќе во човечките ресурси и технологии како би го проширил бизнисот во Русија, но и како би им помогнал на руските компании во продажбата на своите производи во Кина и останатите делови на светот.

Слично

Поврзани вести