АЛФА, БЕТА, ДЕЛТА: Вака СЗО ќе ги именува соевите на коронавирусот
Новите соеви на коронавирусот ќе бидат именувани по буквите од грчката азбука.
Именувањето ќе придонесе за борба против стигмата. Светската здравствена организација (СЗО) објави воведување на нов систем за именување за различни варијанти на коронавирусот, објави Би-Би-Си. СЗО ќе ги користи буквите од грчката азбука за варијанти на вирусот што првпат беа откриени во земји како Британија, Јужна Африка и Индија. Британската варијанта е означена како „алфа“, јужноафриканската како „бета“, а индиската како „делта“. Но, во светот се појавуваат и нови соеви на коронавирусот. Досега тие беа именувани по земјата каде се појавиле.
foto freepik
Слично
