Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛЕПО: Борби ширум градот, уништени жаришта на ИД!

АЛЕПО: Борби ширум градот, уништени жаришта на ИД!

Сириската војска на северот на Алепо уништила низа жаришта на припадниците на Исламската држава и Ал Нусра, јавуваат агенциите.

Положбите на терористите се уништени во неколку делови на Алепо, вклучувајќи го Ал Лаирамун, Ал Фридус и Бани Заид.

Освен тоа, сириските трупи успеале да уништат жаришта на терористите и во областите Ал Масарениех, Ал Шеик Лутфи и Бустан ал Баша во Алепо.

Во тие борби се убиени над десетици терористи.

Исто така сириските сили уништиле и жаришта на исламистите во селата Нијара и Ал Џаберијах во источниот дел на Алепо, а убиени се и доста борци на Ал Нусра во Кан ал Асалу во западниот дел на градот Алепо.

Да потсетиме, сириската војска вчера покрена голема офанзива во сите клучни провинции-Хама, Хомс, Дамаск, Алепо, Идлиб и Дара.

Слично

Поврзани вести