Алексеј Милер ќе купува таблет од 2,8 милиони евра
Рускиот монопол Газпром објави тендер за изработка на мобилни работни станици за претседателот на Управниот одбор на компанијата, Алексеј Милер.
Како што се наведува во официјалната документација, максималната цена на договорот кој е подготвен да го плати компанијата, изнесува безмалку 120 милиони рубљи, односно 2,8 милиони евра, вклучувајќи и ДДВ, објави весникот „Известие“.
Cпоред тендерската документација, мобилната работна станица треба да работи на оперативниот систем ИОC, да овозможува информациска поддршка на одлуките на раководството за зголемување на ефикасноста на Газпром и да биде во интеракција со корпоративниот систем за складирање на податоците, вклучувајќи и обработка на информациите кои претставуваат деловна тајна и други доверливи информации на Газпром.
Таблетот треба да поддржи и работа во мрежите 3Г, ГПРC и Ви-Фи.
Во согласност со барањата на купувачот, движењето на секоја апликација на таблетот не смее да трае подолго од пет секунди, а задржувањето при преоѓање помеѓу екраните не смее да биде подолго од три секунди.
Cе претпоставува дека нормалната режим на работа на таблетот треба да биде нон-стоп, седум дена во неделата, 365 дена во годината. Максималното време за опоравување на системот во случај да откаже хардверот, не смее да биде подолго од четири часа.
Како што наведува „Известие“, официјалниот претставник на Газпром, Cергеј Купријанов, потврдил дека компанијата се подготвува да купи таблет, но не можел да прецизира колкава ќе биде максималната вредност на договорот.
Слично
