Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Лукашенко прогнозира кога ќе биде окончана војната во Украина

Александар Лукашенко прогнозира кога ќе биде окончана војната во Украина

Според белорускиот претседател, Александар Лукашенко, војната во Украина наскоро ќе биде готова, а  некој ќе мора да одговара, пренесе ТАСС.

„Не само во морална смисла. Тие мора да ја префрлат одговорноста на некого и затоа се обидуваат да ја префрлат на Лукашенко и (рускиот претседател Владимир) Путин. Тоа нема да им успее“, изјави Лукашенко.

Државната новинска агенција Белта објави дека Лукашенко потсетил на бројните искушенија низ кои неговата земја мина од 2020 година.

„Но, ова е само почетокот. Најлошото допрва доаѓа. Мораме сега да почнеме и да ја искористиме можноста да ја изградиме својата улога и да направиме сè за економијата да функционира, а војната да биде спречена. Тоа е она што е денес клучно. Тоа е мојата цел, мојата мисија“, кажа Лукашенко.

Белорусија е поддржувач на Русија.  Таа е една од ретките држави која е на иста линија со позициите на руските власти. 

Белоруските воени авиони СУ-24 се изменети за да можат да носат нуклеарно оружје. Лукашенко ова го договорил со рускиот претседател Владимир Путин. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. Досега загинаа илјадници цивили. 

Русите рекоа дека успориле со инвазијата за да нема многу цивилни жртви, но британските разузнавачи велат дека тоа не е точно. 

Укриана пак ги товари Чеченците дека вршеле воени злосторства. 

Слично

Поврзани вести