Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанците и Англичаните ослободени од двојно оданочување

Албанците и Англичаните ослободени од двојно оданочување
Договор за избегнување на двојното оданочување и за борба против затајувањето даноци, потпишаа Албанија и Велика Британија. Договорот го потпишаа албанскиот министер за финансии Ридван Боде и британскиот амбасадор во Тирана Николас Кенон. Боде истакна дека физички лица и фирми на двете земји ќе бидат ослободени од двојно оданочување, а договорот предвидува уште и соработка во борбата против нелегалната трговија и затајувањето даноци. - Водечки британски компании разгледуваат проекти за развој на природните ресурси во Албанија, изјави британскиот амбасадор, нагласувајќи ја неопходноста од создавање привлечни инвестициски услови во земјата.
Слично

Поврзани вести