Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија стравува дека е следна мета на ИСИС

Албанија стравува дека е следна мета на ИСИС

Албанија е загржина дека можеби е следна цел на терористички напади од Исламската Држава и ги зајакнува своите безбедносни мерки.

Претседателот Бујар Нишани на итна средба го повикал директорот на албанската тајна служба - ШИШ, Вишо Ајази, јави порталот Албеу.

Државата стравува дека е следна мета на ИСИС, поради длабоките корени на терористичката организација во Албанија.

- Повеќе од 140 албански државјани се во редовите на ИД, при што поголемиот дел од нив се од маргинализираните групи, изјавил Ајази.

Истовремено, албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири добил на својата електронска пошта порака со заканувачка содржина, пренесува Топ ченел.

1447505564email-300x180

– Сега сте вие на ред! Почна светата војна против оние кои учествуваат во борбата против ИД. Ќе се плашите и ќе молите на колена пред Алах, пишува во пораката која завршува со традиционалниот исламски извик „Алах е голем!“.

По ваквата порака припадниците на антитерористичките единици на албанската полиција започнале истрага.

Албанскиот премиер Еди Рама на вонредна седница побара од сите инситуции да преземат дополнителни мерки за зголемување на нивото на безбедност.

Рама побара дополнителни безбедносни мерки на објектите од витално значење, граничните премини, граничната линија, воените објекти, пристаништата, аеродромите, училиштата, болниците, местата каде се собира повеќе народ, хидроелектричните централи, водоводите, телефонските и интеренет центрите, телевизиите, пренесуваат медиумите во Тирана.

Слично

Поврзани вести