Албанија постави услов за влез на Грузија во НАТО – признавање на Косово
Грузија ќе мора најпрвин да го признае Косово ако сака поддршка од Албанија за членство во НАТО. Албанската министерка за одбрана Мими Кодели, за време на посетата на Грузија, оваа порака им ја пренела на грузиските власти.
Таа нагласила дека Косово не може да се споредува со Кавказ и побарала од грузиските авторитети да го признаат Косово, додавајќи дека прогласувањето на незвисноста на оваа земја е еден уникатен преседан во согласност со меѓународното право.
„Секој обид да се искористи косовскиот преседан во сепаратистичката ситуација во кавкаскиот регион е тенденциозна и не одговара на меѓународната реалност“, рекла Кодели.
Слично
