Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија – нов центар за регрутација на џихадисти?

Албанија – нов центар за регрутација на џихадисти?

Италија стравува од терористички напади, бидејќи смета дека Албанија се претворила во центар за регрутација на џихадисти, пишува миланскиот весник „Кориере дела Сера“.

Весникот пишува дека илјадници лица од Албанија се подготвени да им се прикличат на терористите, а за тоа веќе алармирале и НАТО, САД и Русија.

„Тајните служби јавуваат дека на новорегрутираните џихадисти им се нудат договори на неопределно време со месечна исплата од по 2.000 евра. Договорите имаат само две клаузули - храброст и познавање на италијанскиот јазик “- наведува весникот.

Според миланскиот весник, Италија стравува дека Албанија би можела да стане транзитна зона преку која џихадистичката група Исламска држава (ИД) ќе влегува во Италија и Европа, слично како што Белгија беше база за терористичките напади во Франција на 13 ноември.

Слично

Поврзани вести