Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанезе тврди дека значителен дел од населението во Појасот Газа е „збришано“

Албанезе тврди дека значителен дел од населението во Појасот Газа е „збришано“

Значителен дел од палестинското население е збришано во Газа, вели специјалната известувачка на Обединетите нации за палестинските територии, Франческа Албанезе. 

Таа изјави дека значителен дел од населението на Газа е „збришан“ во екот на интензивните израелски воздушни и артилериски напади врз блокираниот палестински регион. Рече дека со голема жестокост ова население се брише од Газа.  Коментирајќи ја одлуката на Израел да го прекине снабдувањето со вода, електрична енергија, храна и други основни потреби за Газа, Албанезе рече дека изгладнувањето на опколеното население и ускратувањето на основните потреби е воено злосторство.

„Ако тоа е намерно и во контекст на широк и системски напад врз цивилното население, тоа исто така претставува злосторство против човештвото“, додаде таа.

Албанезе кажа дека и цивилните израелски заложници кои Хамас ги држи во Газа,  мора да бидат ослободени и дека нивното понатамошно притворање е апсолутно неоправдано.

Додека Израел продолжува да напаѓа цели во Газа, иранскиот претседател Ебрахим Раиси го обвинува Израел за геноцид. Раиси рече и дека опсадата на Газа, на која ѝ е прекинат пристапот до вода, струја и гориво, ги прекршува сите меѓународни договори.

Земјите членки на Арапската лига синоќа повикаа на итен прекин на израелските напади врз Појасот Газа. 

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска повика да се обезбеди хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа и рече дека Каиро продолжува да се залага за да се спречи ескалација на конфликтот што може да го дестабилизира регионот.

Слично

Поврзани вести