Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛАРМАНТНО ВО БРИТАНИЈА - ИМААТ ГАС ЗА САМО 9 ДЕНА: Прекините на струја се неизбежни

АЛАРМАНТНО ВО БРИТАНИЈА - ИМААТ ГАС ЗА САМО 9 ДЕНА: Прекините на струја се неизбежни

На Велика Британија и остануваат само уште девет дена гас, предупредија челниците на Бритиш Гас, која е во сопственост на мултинационалната компанија Сентрика, а пренесуваат британските медиуми. По увидот во магацинот, констатирано е дека состојбата е алармантна. Сентрика, која се занимава со енергетски системи ширум светот, објави дека Велика Британија има некои од најниските нивоа на складирање гас во Европа, во споредба со Германија која има резерви за 89 дена, Франција 103 и Холандија 123.

Компанијата повторно го отвори својот капацитет за складирање на груб гас во близина на источниот брег на Англија со околу 20 отсто од претходниот капацитет, доволно за да загрее милион домови за 100 дена оваа зима. Земјите ширум Европа складираат гас пред зимата, бидејќи испораките од рускиот гасовод опаднаа, но Британија има многу мал капацитет за складирање по затворањето на Rough во 2017 година. Со капацитет од речиси 120 милијарди кубни метри, тој беше најголемото морско складиште за гас во Западна Европа, но стана непрофитабилен по техничките проблеми и долгиот ремонт. Сепак, по руската инвазија на Украина и зголемената загриженост за снабдувањето со гас оваа зима, Сентрика го надгради објектот и почна да ја пополнува локацијата на почетокот на есента. Сега има околу 20 милијарди кубни метри гас на локацијата, а капацитетот ќе достигне 30 милијарди кубни метри оваа зима, што е еквивалент на околу девет танкери за ЛНГ.

„Ова би можело да исполни веројатно 3-4 отсто од побарувачката во домовите во Велика Британија за време на зимската шпицна грејна сезона“, рече извршниот директор на „Сентрика“, Крис О'Ши, додавајќи дека може да загрее милион домови за 100 дена, па дури и на 20 отсто од претходниот капацитет.

„Воодушевен сум што успеавме да го вратиме Rough во складишни операции за оваа зима по значителни инвестиции во инженерски модификации. Нашата долгорочна цел останува да го трансформираме полето Rough во најголемиот капацитет за складирање метан и водород во светот рече О'Ши, објаснувајќи дека ова е сè уште краткорочно решение.

„Краткорочно, мислиме дека Rough може да му помогне на нашиот енергетски систем со складирање природен гас кога има вишок и производство на овој гас кога и е потребен на земјата за време на ладењето и врвната побарувачка. Тој не е сребрен куршум за енергетска безбедност, но е клучен дел од низата чекори што може да се преземат за да и помогне на Велика Британија оваа зима“, заклучи директорот на Сентрика.

Соопштението доаѓа откако National Grid ESO (оператор на електроенергетскиот систем) ги предупреди Британците дека би можеле да се соочат со планирани тричасовни дневни прекини на електрична енергија доколку има недостиг на гас оваа зима. Ова беше најлошото сценарио претставено во извештајот минатиот месец - но системските оператори инсистираат дека тоа е „малку веројатно“ да се случи. Но, постои и план според кој може да има континуиран прекин на електричната енергија доколку системот биде преоптоварен во текот на зимата. Засега се уште не се знае какво сценарио ќе се примени, бидејќи, како што велат надлежните, се зависи од „состојбата на терен“ и од „движењата на пазарот“.

ФОТО: EPA/NEIL HALL

Слично

Поврзани вести