Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алармантно: Сексуални робинки се тргуваат на социјални мрежи

Алармантно: Сексуални робинки се тргуваат на социјални мрежи
Новиот извештај за човековите права на Обединетите нации открива дека во светот денес има околу 45 милиони робови, од кои голем број се жени и деца, а покрај злоупотребата во воените конфликтите истите се принудени и на сексуални услуги. seks-robinki3   Најстрашна е состојбата со поробените жени од ИСИС со кои се тргува и на социјалните мрежи. Девојки и жени може да се побараат на социјалните мрежи како Facebook, додека пак, на безбедните апликации за допишување како WhatsApp се пренесуваат податоци за секс трансакциите. Така има случаи на продадени жени од Сирија и Ирак низ арапските земји. zeni-isis Претставници на ООН ќе бараат итни мерки од Советот за безбедност за конкретни чекори против ИСИС, но тоа ќе зависи од воена интервенција и групите за заштита на човековите права не можат да сторат нешто повеќе. seks-robinki Од друга страна се подготвува и инцијатива кон Facebook, WhatsApp, Telegram и останатите сервиси да ги блокираат милитантите на ИСИС и да спречат ширење на материјали за сексуални робинки, како и да објавуваат навремени предупредувања во кризните региони.
Слично

Поврзани вести