Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ЕВРОПОЛ: Десетици џихадисти чекаат да ја нападнат Европа со разорно оружје!

АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ЕВРОПОЛ: Десетици џихадисти чекаат да ја нападнат Европа со разорно оружје!

Европската полициска служба Европол предупредила денес дека Исламска држава веројатно ќе изведе нови напади во Евеопската унија во блиска иднина, можно е во земјите кои се дел од меѓународната коалиција на чело со САД кои се борат против тие терористички организации во Сирија и Ирак.

„Проценките на некои разузнавачки служби покажуваат дека неколку десетина луѓе со кои раководи Исламска држава можеби во моментов се наоѓаат во Европа, способни се да изведат терористички напади“, се наведува во извештајот на Европол.


Во извештајот се предупредува дека тактиките кои исламистичките екстремисти ги користат во Ирак и Сирија, како што е користење на автомобили-бомби , би можеле да бидат применети во Европа.

Претходните напади како што се во Франција и Белгија во текот на изминатите две години, покажуваат дека екстремистите кои влијаат во име на ИСИС може ефикасно да планираат комплексни напади, соопшти полициската агенција на ЕУ.

Во извештајот исто така се укажува на промена во нападите со симболични мети како што се полицајци и војници на сомнителни напади на „некои мети“ , како што се нападите во Париз од лани.

„Сомнителните напади имаат многу силен ефект на јавноста воопшто, што е една од главните цели на тероризмот: сериозно заплашување на населението“, соопштил Европол.


Разузнавачките агенции во земјите членки на ЕУ, се додава во извештајот се согласни дека „сајбер способностите на терористичките групи уште се релативно мали“, но и дека не треба да се исклучат.

Европол наведува дека автоматско огнено оружје, ножеви и возила поради ефикасност, достапност и едноставно користење ќе останат најчесто користени средства за терористички напади.

Слично

Поврзани вести