Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛАРМ ЗА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Еден загинат и неколку повредени по напад во Хамбург

АЛАРМ ЗА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Еден загинат и неколку повредени по напад во Хамбург

Едно лице загинало, а неколку други се повредени во напад со нож во супермаркет во северниот германски град Хамбург, соопшти германскиот таблоид Bild. Полицијата објави тревога од терористичка закана во градот.

Осомничениот напаѓач е приведен, но полицијата трага по втор човек. Поголемиот дел од улицата, на која се наоѓа продавницата е затворена. На местото на нападот има вооружени полицајци, а над реонот лебди хеликоптер. 

Инцидентот се случил во северозападниот дел на градот во реонот Бармбек.

Директорот на супермаркетот раскажал за Bild дека напаѓачот „одеднаш почнал да ги напаѓа сите по ред“. Засега нема веродостојни информации за неговиот мотив и за настраданите, објави полицијата на Twitter.


Слично

Поврзани вести