Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аларм и за киселото млеко „Даноне“, се повлекуваат производи од Романија!

Аларм и за киселото млеко „Даноне“, се повлекуваат производи од Романија!

Скандалот со млекото загадено со афлатоксини стигна и до Романија каде што познатиот производител „Даноне Романија“ најави дека ќе повлече превентивно од пазарот некои продукти, кои може да содржат траги од неисправното млеко. Компанијата запре 75 тони млеко, откако анализите потврдија присуство на афлатоксин кај млекото од еден од доставувачите на фирмата.

Над 75 проценти од 59.6 тони производи, како што е киселото млеко, за кои постои сомневање дека содржат млеко загадено со афлатоксин се повлечени од продавниците во земјата, изјавија денеска од „Даноне Романија“, од каде најавија и дека до крајот на денот да го повлечат од пазарот целото сомнително количество млеко.

Според информациите на компанијата сомнителните производи во продавниците биле најмногу два дена.

Слично

Поврзани вести