Ал Каеда во Јемен ја потврдија смртта на својот лидер
Ал Каеда во Јемен ја потврдиле смртта на својот лидер Насир ал-Вашихи, соопштија светските агенции. Неговата позиција во светската џихад организација била од огромно значење. Минатата недела неговата база била напаѓана од американски беспилотни летала.
Организацијата ја потврди смртта на својот лидер со видео изјава. На негово место е назначен командантот на армијата. За нападот од беспилотното летало соопштија од „Washington Post“, повикувајќи се на американски претставници.
Според „CNN“ Насир ал-Вашихи е убиен во реонот на Хадрамаут, источно од Аден.
„Ал Каеда во Јемен“, позната уште како „Ал Каеда на Арапскиот полуостров“ се смета за најопасното крило на крајната исламистичка група. Во октомври 2014 година САД објавија награда од 45 милиони долари за апсењето на осум од нејзините водачи, меѓу кои и нејзиниот лидер Насер ал-Вашихи.
