„Ал Каеда” планирала напади во Русија
Меѓународната терористичка мрежа „Ал Каеда“ планирала терористички напади во Русија, вклучувајќи и експлодирање на гасовод и напад врз американската амбасада, пренесува БГНЕС.
Ова станува јасно од делумно декласифицирани документи откриени кај Бин Ладен по негова ликвидација од американски специјалци во 2011 година. Пронајдените материјали биле претставени на обвинителството во Бруклин за тековниот судски процес против пакистанскиот државјанин Абидал Насер. Тој е осуден под обвинение за учество и терористичка активност со врските на „Ал Каеда“.
Меѓу документите е пронајдено и кореспонденција, предводена од Бин Ладен со други терористи. Во писмото се вели дека „Ал Каеда“ планира да испрати свои војници во Русија за организирање на терористички напади, вклучувајќи и врз амбасадата на САД и гасоводот.
28-годишниот Абидал Насер е екстрадиран во САД од Велика Британија во 2013 година.
