Ал Каеда планира напади во Велика Британија и Европа?
Групата Ал Каеда има намера да изврши серија напади во европски земји, вклучувајќи ја и Велика Британија, соопшти весникот „Тајмс".
Извор на весникот вели дека џихадистите планираат да организираат напади во Велика Британија поради поразите на „Исламска држава" во Сирија.
„Ал Каеда мирно ги обновува своите сили"- изјави за весникот извор од британската влада.
Тој наведува дека терористичката мрежа „чека", пред да нанесе „смртоносен удар" против Европа.
Весникот посочува дека синот на претходниот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен - Хамза бин Ладен го засилува своето влијание во групата.
Сите европски земји остануваат ранливи на напади на транснационални терористички организации, сметаат од американскиот Стејт департмент.
