Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ал Каеда најави нови „трагедии и насилства“

Ал Каеда најави нови „трагедии и насилства“
Огранок на терористичката организација Ал Каеда во Јемен ја презеде одговорноста за нападот на редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Париз пред една недела во кој беа убиени 12 лица. „Ние, Ал Каеда на Арапскиот полуостров ја преземаме одговорноста за таа операција како освета за Алаховиот пратеник“, навел еден од командантите на групата, Насер Ал Анса, во видео снимка. Единаесетминутната порака на командантот на Ал Каеда на Арапскиот полуостров  денеска била поставена на интернет и во неа тој вели дека масакрот во редакцијата на „Шарли Ебдо“ е всушност „освета“ откако огранокот на Ал Каеда ја избрал својата цел, направил план и ја финансирал целата операција. Ал Анса истакнал дека Франција спаѓа во „општествата на Сатаната“ и предупредил дека во идниот период следуваат нови „трагедии и насилства“. Агенцијата „АП“ наведува дека огранокот на Ал Каеда смета дека објавената карикатура на пророкот Мухамед пред масакрот минатата недела претставувала навреда за исламската вера.  
Слично

Поврзани вести