Економија, финансии, бизнис

Контакт

Активисти прекинаа свадба во Грузија на која присуствуваа ќерката и зетот на Сергеј Лавров

Активисти прекинаа свадба во Грузија на која присуствуваа ќерката и зетот на Сергеј Лавров

Во Грузија, активисти одржаа протести пред хотел на истокот на земјата по информациите дека таму се одржува свадба, на која присуствувала и ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Екатерина. Приведени се десетина демонстранти.

Роднините на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажаа својата свадбена прослава во Грузија поради јавни протести, изјави претседателката на опозициската „Република“, Саломе Зурабишвили.

„Поради денешниот инцидент добив порака од министерката за внатрешни работи дека семејството, луѓето кои требаше да учествуваат на свадбата, си заминаа и свадбата нема да се одржи денеска. Ова е еден вид победа на општеството“, рече таа, а нејзиното обраќање го пренесе државната телевизија на Грузија.

Планирано било прославата да се одржи во хотел во близина на езерото Кварели, каде што пристигнаа ќерката на Лавров, Екатерина и неговиот зет, бизнисменот Александар Винокуров. Според медиумите, братот на бизнисменот бил тој кој се женел. Бракот е склучен во Тбилиси.

Грузиските активисти организираа протест со фрлање јајца кон минибусите што ги донесоа свадбарите. На местото на настанот пристигнала полиција и специјалци. Најмалку 16 демонстранти беа приведени, меѓу кои и Елене Хоштарија, лидерката на опозициското движење „Дроа“ („Дојде време“).

Телевизискиот канал Мтавари подоцна објави дека пред демонстрациите ќерката на Лавров и нејзиниот сопруг не биле во хотелот, а според медиумските информации, тие биле тајно изнесени од хотелот и ја напуштиле земјата ноќта на 20 мај. Прославата продолжи без нив.


Слично

Поврзани вести