Активисти нудат засолниште за Пуџдемон во Перпињан
Активисти нудат засолниште на каталонската влада ако се влошат односите со Мадрид.
Имотот е лоциран во Перпињан, каталонско говорно подрачје споено кон Франција во 17 век. Во план е изнајмување на уште неколку недвижнини.
Шпанскиот сенат в петок ќе гласа за распуштање на владата на Карлес Пуџдемон и одржување на регионални избори. Претходно каталонската администрација не ја испочитува забраната за референдумот за независност.
Каталонскиот парламент ден претходно ќе одлучува за конечниот одговор за самостојност. Официјален Брисел е засегнат од спорот, но најави дека нема да посредува во внатрешниот проблем на Шпанија.
Каталонија нема поддршка од ЕУ за отцепување од Шпанија.
Пуџдемон можно е наскоро да остане без плата и без овластувања.
